Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гути го омаловажи успехот на Атлетико и излезе со брутален заклучок за Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Атлетико Мадрид остана доследен на својот стил на игра и со гранитна одбрана го фрустрираше Манчестер Јунајтед, а во еден од своите ретки излети во противничкиот шеснаесетник, успеа да постигне гол и ја реши оваа осминафинална пресметка во Лигата на шампионите.

По ремито од 1:1 на „Ванда Метрополитано“, Атлетико дојде да се брани на „Олд Трафорд“ и да ги користи шансите за контри, тактика која се покажа како посебно добра во првото полувреме во кое избраниците на Чоло постигнаа два гола, од кои еден беше регуларен.

Оној на Лоди се впиша во официјалниот записник и Атлетико во продолжение успешно ја одбрани позитивата од 0:1, но додека шпанските медиуми се импресионирани од новото дефанзивно издание на „душекџиите“, лутиот ривал Гути излезе со брутален заклучок за англискиот великан.

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид го омаловажи успехот на Атлетико, порачувајќи дека Јунајтед никогаш не изгледал полошо во Европа.

– Никогаш не сум гледал толку лош Манчестер Јунајтед, – гласи кратката порака на легедарниот играч на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни