Поврзете се со нас

Англија

Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…

Објавено

на

Илкај Гундоган се издвои како неочекуван голгетер во тимот на Пеп Гвардиола и од почетокот на сезоната испорача дури 11 погодоци во англиската Премиер лига, биланс кој само докажува дека искусниот играч за врска игра во страшна форма, можеби и во најдобра во својата играчка кариера.

Германскиот репрезентативец е незаменлив дел од тимот на шпанскиот стручњак и доживува ѕвездени моменти во сезоната во која „граѓаните“ започнаа навистина катастрофално, но Илкај е еден од творците на неверојатната серија од 19 последователни победи во кои влезе тимот од „Итихад“.

Сити денеска ја отвора саботната програма во Премиер лигата и има дуел против Вест Хем, натпревар пред кој токму Гундоган одлучи да ги спореди двајцата менаџери кои ги одбележаа изминативе неколку сезони во Англија. Запрашан дали Пеп е најдобриот тренер со кој соработувал, Гундоган даде потврден одговор за „Скај Спортс“, иако поединечно гледано, не избра фаворит меѓу Гвардиола и Јирген Клоп, менаџерот со кого соработуваше во Борусија Дортмунд.

– Со оглед на тоа што добро ги познавам, најверојатно за мене полесно е да ја посочам разликата. Чувствувам дека Пеп тактички е најдобриот кој некогаш сум го видел, а да бидам искрен, тоа сум го слушнал од многу мои колеги кои играле под негово водство во кариерата.

– Начинот на кои ги гледа сите детали на натпреварот се неверојатни, а уште повеќе начинот на кој се обидува да ви ги пренесе работите кои ги гледа на теренот. Од друга страна, Клоп како карактер е некој за кого жртвувате се на теренот, некого за кого давате се што имате. Тој ја имаа таа посебна дарба, има моќ со зборови, ги користи вистинските зборови за да ве мотивира пред натпреварот. За Клоп влегувате на теренот и умирате за него. Тешко е да се каже кој е подобар, јас лично се чувствувам привилегиран што работев со двајцата. Многу сум благодарен што ги имав крај себе, – порача Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни