Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар доминираше против МЗТ, Еуро Никел подобар од Кожув

Објавено

на

Гостивар го доби денешното кошаркарско дерби со МЗТ Скопје (65:51), во натпревар со малку поени и доминација на домашната екипа.

МЗТ без тренерот Радуловиќ и капитенот Стојановски постигна само 23 поени во првото полувреме, па Гостивар имаше плус 16 уште по дваесет минути.

Гостинската екипа не можеше посебно да му возврати на мотивираниот Гостивар, па со оваа победа избраниците на Алек Јончевски изборија место во плејофот.

Вокер со 17 поени бил најефикасен во победничката екипа, додека Крстевски уфрли 13 во редовите на МЗТ.

На вториот натпревар, Еуро Никел го победи Кожув со 84:75, па ги откажа гостите од пласман во плејоф завршницата.

Рикиќ со 29 поени бил најефикасен кај кавадарчани, додека Лок постигнал 20 поени во редовите на Кожув.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни