Поврзете се со нас

Лига Европа

Голманот на Копенхаген постави неверојатен рекорд против Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Дефинитивно најдобриот поединец на вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Копенхаген беше голманот на данскиот тим, Карл- Јохан Јонсон.

Јонсон имаше неверојатни 13 интервенции во текот на натпреварот со што стана првиот голман на кој му успеало да собере толку одбрани во Лига Европа.

За издвојување беше одбраната по ударот на Марсијал со која спречи сигурен погодок, а во текот на натпреварот имаше и бројни други интервенции со кои спречи водство на „ѓаволите“.

– Имаше неколку феноменални интервенции. Не само топки кои одат кон него, тој се фрлаше на сите страни и направи неколку одлични интервенции.

– Одбраната по ударот на Марсијал беше неверојатна, со една рака. И работата со нога му беше одлична, сигурно ова е негов најдобар натпревар во кариерата, -воодушевен беше ван Перси од перформансот на шведскиот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни