Поврзете се со нас

Македонија

Голден Арт задржа четворица важни ракометари за следната сезона

Објавено

на

Фото: РК Голден Арт

Минатата среда, на пригоден настан, ракометниот клуб Голден Арт, се заблагодари на четворица ракометари кои во иднина нема да бидат дел од клубот, а денес ги продолжи договорите со уште толку ракометари, кои минатата година беа важен дел од тимот предводен од Владимир Глигоров, кој и следната сезона ќе биде дел од најквалитетното ракометно натпреварување во државата.

Десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов, најмалку уште една сезона ќе го носат дресот на Голден Арт.

Шилегов минатата година дојде од Охрид и беше еден од најдобрите стрелци во клубот, Милошески одигра солидно во два правци, презентирајќи се во високо потентен лев бек шутер,  Есад Дрпњанин и покрај сериозната повреда на рамото, како млад ракометар покажа дека може да биде одлично решение во иднина и Марио Миланов, после промената на главниот тренер на клубот заблеска и се промовираше себеси во лидер на тимот во нападот.

Голден Арт, според планот и политиката на клубот, во следните денови ќе излезе со информација за евентуални засилувања на клубот и обновување договори со останатите ракометари кои во изминатите година две беа важна алка од подемот на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни