Поврзете се со нас

Свет

Гол на сезоната во Шпанија: Киселев го совлада голманот на Валјадолид од средина на теренот (Видео)

Објавено

на

Адемар Леон освои важни бодови победувајќи на средбата против Валјадолид од шпанската ракометна АСОБАЛ лига (28:25).

Домаќините го завршија најважниот дел од работата во првото полувреме, кое го добија со 18:12, па иако Валјадолид притисна во продолжението, не успеа да ја стигне големата негатива од првите триесет минути.

Она што го одбележа овој дуел е и фантастичниот гол на Олег Киселев, постигнат во последните секунди на првото полувреме, што за него беше и единствен погодок на средбата.

Рускиот ракометар биеше речиси од средината на теренот и успеа да го совлада голманот на Валјдалоид, постигнувајќи го сигурно голот на колото во шпанската ракометна лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни