Поврзете се со нас

АТП

Го победи Федерер на Вимблдон, а сега ќе зема пушка во раце: Украински тенисер се пријавил за доброволец

Објавено

на

Сега веќе пензионираниот руски тенисер, Сергиј Стаковски стана централна мета во јавноста овие два дена откако излегоа информации дека се одзвал на повикот на украинскиот претседател и се пријавил како доброволец да помогне во војната со Русија.

Стаковски стана познат на тениската јавност уште во 2013 година кога како 112. светски тенисер успеа да креира вистинско чудо и во третото коло од Вимблдон да го совлада Роџер Федерер.

Сега, Стаковски кој извесен период е надвор од тенисот, наместо тениски рекет во раката ќе држи пушка и ќе ја брани својата татковина од руските напади.

– Секако дека сакам да одам таму и да се борам. Се пријавив минатата недела во резервниот состав.

– Немам воено искуство, но приватно имам искуство со оружје, -изјави Стаковски за украинските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни