Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓорѓиевски покажа извонредно чувство за гол, но Македонија скапо ја плати конфузијата против Фарски Острови (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја оствари зацртаната цел на гостувањето кај Фарски Острови, бидејќи ова попладне мораше да се задоволи со реми исход и резултат 1:1, без оглед на максималната доминација во вторите 45 минути.

Избраниците на Драган Канатларовски на крајот скапо го платија лошото влегување во мечот и комично примениот гол во 8-та минута, кога Јохансен погоди за 1:0 по еден смешен карамбол пред нашиот гол.

Раното водство и конфузијата во потесната одбрана на македонската репрезентација не беа воопшто добра вест во воведот од средбата, но потоа нашите фудбалери успеаја да се консолидираат и го наметнаа својот ритам.

Филип Антовски ја погоди гредата од противничкиот гол во првото полувреме, додека во второто, следеше страшна доминација од наша страна, која за жал само резултираше со еден гол.

Капитенот Марко Ѓорѓиевски презентираше фантастично движење и сам си обезбеди шанса за гол, а со добро измерен удар погоди во мрежата на домаќините и израмни на 1:1 во 55-та монута. Овој гол на напаѓачот предизвика еуфорија на нашата клупа меѓу играчите и струшниот штаб, а иако Ѓорѓиевски постигна уште еден гол во продолжение, истиот за несреќа беше поништен поради офсајд.

До крајот, домашните фудбалери грчевито се бранеа во својата половина, а нашите фудбалери не успеаја да го пронајдат патот до мрежата за нов гол и мечот заврши 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни