Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби од тинејџерка на фјучрсот во Валенсија

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа неочекуван пораз од квалификантката Миа Ристиќ на ИТФ фјучрсот во Валенсија.

Ѓорческа е далеку подобро пласирана од Ристиќ на ВТА листата (178/366), исто така и далеку поискусна (29/17), но тоа вечерва не и помогна да дојде до посакуваниот резултат на турнирот во Шпанија.

Тинејџерката Миа подобро се снајде во клучните моменти, односно во двата тај-брејка во кои славеше со 7-5 и 7-4 и со тоа обезбеди место во наредната фаза.

Овој фјучерс се игра на земјена подлога и тоа за награден фонд од 100.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни