Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа е 4. носителка: Три македонски тенисерки ќе бидат активни на фјучрсот во Скопје

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Од утре започнува главната фаза на ИТФ фјучрсот што се игра во Скопје, турнир кој ќе се игра на терените на ТК Југ за награден фонд од 40.000 долари.

Македонија ќе има три претставнички на истиот кога е во прашање најважниот дел, а меѓу нив е нашиот најдобар рекет Лина Ѓорческа.

Ѓорческа е 4. носител на турнирот и ќе биде слободна во првото коло во кое пак ќе имаат обврски Магдалена Стоилковска и Ива Данева. Стоилковска има соочување со Лексие Стивенс од Холандија (24 годни, 507.место на ВТА листа), додека Ива Данева за противничка ќе ја има Ксенија Ласкутова од Русија (27 години, 459.место ВТА).

Шест македонски тенисерки пак не ги минаа квалификациите и тоа Катја Ивановска, Јана Божиновска, Ана Митевска, Теона Андова, Зара Зафировска и Ивана Милкова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни