Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ загуби сет, но ја мина првата пречка на Вимблдон

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ мораше да игра четири сета, но обезбеди место во второто коло на тенискиот грен-слем Вимблдон.

Србинот играше против 24-годишниот корејски тенисер Сонгву Квон и добро го започна мечот, освојувајќи го првиот сет со 6:3.

Сепак, Квон возврати со израмнување, освојувајќи го вториот сет со ист резултат, што беше причина и за брзо консолидирање на големиот фаворит.

Ѓоковиќ мораше да чека дури до осмиот гејм за да направи брејк и да поведе со 2:1, а победникот го реши освојувајќи сервис на противникот во петтиот гејм од четвртиот сет.

Квон и во двата случаја не успеа да возврати,  а сигурно ќе извлече позитивни работи од фактот што го задржа Ѓоковиќ два и пол часа на теренот.

Во следната рунда противник на Ѓоковиќ ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Кокинакис и Мајчржак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни