Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Мило ми е ако Надал тоа го кажал…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се враќа на терените и ќе настапи на Мастерсот во Париз, турнир на кој ќе се обиде да дојде до уште еден одличен резултат, титула во неговата кариерата.

Тој имаше соочување со новинарите, медиумите, а едно од прашањата за него беше како тој ја коментира изјавата на Рафаел Надал дека токму Новак е најдобриот тенисер на сите времиња.

-Мило ми е ако Надал тоа го кажам, но јас не сум тој што треба да зборува за тоа. Морам да се фокусирам на моите цели и најмногу сум горд што се уште можам да се натпреварувам на ова ниво, -истакна Србинот кој уште еднаш се осврна на еден голем проблем-топките.

-Ова е петти турнир по ред на кој се игра со различни топки. Тоа е проблемот. Ни треба конзистентност. Има разбирање од АТП. Наскоро ќе се организира средба, -заклучи првиот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни