Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ има само пофални зборови за Алкарас: Тој е три во едно, тој е како мене, Надал…

Објавено

на

Карлос Алкарас уште еднаш покажа дека е вистински предводник на новата генерација и го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето ан Вимблдон.

Шпанецот се соочиа против најтрофејниот тенисер на грен слем сцената, човекот кој низ изминативе години доминираше на Вимблдон, но во ниту еден момент не се исплаши, покажа карактер, знаење, умешност, трпение и со 3-2 во сетови дојде до првиот пехар во кариерата на овој турнир.

Новак спортски го призна поразот и притоа испрати комплименти на адреса на Алкарас кој смета дека е комбинација од него, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

-Луѓето во минатото зборуваат дека неговата игра има некои недостатови во играта во споредба со мене, Рафа и Рожер. Тој има по малку од се од нас. Тој го има оној шпански бик менталитет како што го имаше Рафа. Тој од мене има бекхенд слајс, да се адаптира, тоа го има како мене. Рожер и Рафа имаат свои силни и слаби страни, но Карлос е комплетен играч. Добро се адаптира и тоа е клучот за успешна кариера на сите подлоги, порача Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни