Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ и останатите учесници на „Адрија Тур“ ќе мора да направат тест за коронавирусот

Објавено

на

Откажувањето на финалето на турнирот од Адрија тур во Задар беше неочекувано сценарио за сите фанови на тенисот кои сакаа да го проследат мечот меѓу Ѓоковиќ и Рубљов.

Откако организаторите добија информација дека Григор Димитров имал позитивен тест на коронавирусот, а тоа бугарскиот тенисер го потврди и на социјалните мрежи, итно било донесена одлука за откажување на финалето и неславен крај на турнирот кој се играше цел викенд.

Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ, како главен организатор прв ја добил информацијата, по што заедно со директорот на турнирот во Задар, Горан Иванишевиќ одлучиле дека е најдобро турнирот да биде прекинат.

– Ова е еден голем шок. Се советувавме со сите надлежни, па одлучивме дека е најдобро сите учесници, сите добри луѓе кои имаа контакт со нас и пред се со Григор, да бидат тестирани. Јас случајно се тестирав пред три дена и иако имав контакт со Григор, бев негативен, – изјавил Иванишевиќ.

– Григор беше добар пред да дојде во Задар, не знам каде се заразил со вирусот. Ова е само прв тест, вториот може да покаже и нешто различно, но ние не сакавме да ризикуваме, – изјавил Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Тој не сакал да потврди дали ќе бидат откажани останатите планирани турнири во рамките на турнејата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни