Поврзете се со нас

Германија

Германија победи, па капитенот ја запроси девојката преку телевизиските екрани (ВИДЕО)

Објавено

на

Германија со доста мака дојде до првата победа на Олимписките Игри и тоа во дуелот со Саудиска Арабија кој го реши со 3-2.

Со ова Германците останаа во игра за нокаут фазата, место до кое ќе можат да стигнат преку директниот дуел против Брегот на Слоновата Коска закажан за 28 јули.

Меѓутоа денешниот меч во Јокохама освен пет гола ни донесе и еден интересен момент за кој се погрижи капитенот на победничката екипа, Макс Крузе. Офанзивецот даваше изјава пред камерите за да потоа клекне и пред телевизиските екрани ја запроси неговата девојка.

Овој потег на Макс се покажа како полн погодок затоа што девојката според информациите кажала „ДА“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни