Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гедбан поуспешен од Митревски, Порто доживеа незгоден пораз од директниот конкурент

Објавено

на

Тимот на Порто не успеа да го одбрани домашниот терен на вечерашната пресметка против Динамо Букурешт и со тоа се стави во многу незгодна позиција во борбата за пласман во нокаут рундата во Лигата на шампионите.

Португалскиот претставник загуби со 32-31 и сега со 8 бода е на последното место во групата Б на две кола до крајот на оваа фаза. Пред него се вечерашниот противник Динамо кој исто има 8 поени како и Мотор со тоа што Украинците имаат за доигрување еден натпревар.

Нашиот Никола Митревски забележа 7 одбрани или имаше успешност од 26.92 проценти со што беше послаб во однос на колегата на спротивната страна, поранешниот вардарец Калифа Гедбан кој имаше 9 интервенции и 27.27 проценти успешност на одбранети удари.

На останатите вечерашни битки Барселона славеше во дербито со Веспрем (35-30), ПСЖ го доби Флензбург (33-30), додека Пик Сегед беше подобар од Мешков Брест (28-26).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни