Поврзете се со нас

Италија

Газидис: Пиоли секогаш беше мој прв избор

Објавено

на

Милан одлучи да им стави крај на преговорите со Ралф Рангник и да му даде шанса на Стефано Пиоли да остане на клупата на клубот до 2022 година.

Ова за многумина беше изненадување со оглед на тоа што долго време Германецот се споменуваше како фаворит, човек кој требаше да има двојна улога како тренер и спорски директор. Меѓутоа според избршниот директор на „црвено-црните“, Иван Газидис клубот секогаш во прв план како прво решение го имал Пиоли.

-Како што рековме неколку пати претходно, Стефано Пиоли отсекогаш бил кандидат за иднината, да ја спроведе нашата визија за конкурентен и модерен Милан. Секако како извршен директор на клубот јас имам должност да ги оценам сите можни опции за доброто на Милан, но имам одличен однос со Стефано и секогаш го сметав за извонреден професионалец, вистински лидер и апсолутен кандидат за тренер Милан, -истакна Газидис и додаде:

-Во минатото имав контакт со други можни кандидати, но мислам дека имаше премногу шпекулации во медиумите. Никогаш не сме потпишале никаков договор или преддоговор со кој било друг тренер, освен со Стефано Пиоли. Негирам дека има економски обврски за клубот. Повторувам, досега не е потпишан договор со други можни кандидати.

-Пиоли е мојот прв избор за тренер и среќен сум што ги обезбедивме неговите способности за проектот што го имаме. Сега мора да се концентрираме на завршување на сезоната на позитивен начин и тогаш можеме да се подготвиме за следната сезона на најдобар можен начин, со ограничено достапно време, -заврши Газидис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни