Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гатузо: Не им дозволивме да излезат од својата половина 10 минути, Барселона не играше добро

Објавено

на

Џенаро Гатузо е горд на своите фудбалери и покрајт поразот на „Камп Ноу“ и елиминацијата во Лигата на шампионите, заклучувајќи дека на неговиот тим му недостасувало само искуство за да ја победи Барселона.

Каталонскиот гигант славеше со 3:1 и сите три гола ги постигна во првото полувреме, период од играта кој се покажа како клучен за патникот во четвртфиналната рунда во најелитното натпреварување.

При резултат 0:0, Дрис Мертенс пропушти колосална шанса за гол и водство на Наполи, а Гатузо го искористи ова и притисокот во второто полувреме како доволен аргумент за сериозен заклучок.

– Има многу за што да жалиме. Примивме три неверојатни гола и се исклучуивме половина час. Тимот играше онака како што сакав. Мора да се напомене дека и направивме многу проблеми на Барселона, им предизвикавме потешкотии. Не им дозовливме да излезат од нивната половина 10 минути.

– За да станете важни играчи, мора да се подобриме во малите падови кои ги имавме изминативе шест месеци. Имавме двојно повеќе шанси од нив, тоа и денеска се повтори. Нависитна сум задоволен од перформансите, но не и од резултатот. Можевме да победиме, бидејќи Барселона не играше добро, – изјави Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни