Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фуриозниот Баерн ја наполни мрежата на Плзен (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен ја забележа третата победа во групната фаза на Лигата на шампионите, а најнова жртва беше Плзен кој настрада на „Алијанц Арена“.

Фаворитот славеше со 5-0 и со тоа дојде до максимални 9 бода и импресивна гол разлика 9-0 во група во која се уште Барселона и Интер.

„Баварците“ поведоа со 3-0 веќе по 21 минута, односно се тргна од погодокот на Сане по што во листата на стрелци се запиша Гнабри и летното засилување Мане.

Во 36 минута му беше поништен гол на Мусиала поради офсајд за да во вториот дел Сане дојде до вториот погодок на дуелот, а точка пак стави нововлезениот Чупо Мотинг во 59 минута.

Олимпик Марсеј пак во вториот меч подобар од Спортинг со 4-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни