Поврзете се со нас

Репрезентација

Фудбалерките повторно убедливо поразени од Франција

Објавено

на

Македонската женска А репрезентација претрпе тежок пораз од Франција од 11-0 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Нашите фудбалерки немаа никакви шанси на средбата во Орлеан, а најдобар доказ за тоа е конечниот резултат.

Домаќинките уште на самиот старт во првата минута го отворија резултатот и со тоа ја најавија тешката вечер за избраничките на Кирил Изов.

Првиот дел заврши со 5-0, Французинките не застанаа ни во вториот дел и до врв ја наполнија нашата мрежа.

Ова за македонската селекција е шести пораз во седмиот натпревар, овој циклус го заокружуваме следниот месец со гостинска средба против Казахстан, селекција која со 4-1 ја совладавме во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни