Поврзете се со нас

АТП

Фриц за предлогот на фановите: Ако не можам да го победам Надал, тогаш…

Објавено

на

Тејлор Фриц имаше огромна шанса да игра во самата завршница на Вимблдон, но тој не успеа да се справи со повредениот Рафаел Надал кој по пет сета избори пласман во полуфиналето.

Меѓутоа токму таа повреда во пределот на абдоменот, скинатиот мускул го натера Надал да се повлече од турнирот во Лондон и со тоа му овозможи на Ник Кирјос директен пласман и борба за пехарот во Лондон.

Во меѓувреме Фриц доби голема поддршка од фановите, па дури еден од нив му порача дека заслужува да оди понатаму, односно дека едноставно треба да му дозволат да игра во полуфиналето на местото на Рафа.

Американецот ова го прочита и се одлучи да одговори:

-Не, не сакам подароци. Ако не можам да го победам Надал тогаш не заслужувам да бидам во полуфиналето…тоа е толку едноставно, -порача Тејлор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни