Поврзете се со нас

Франција

Француските дисциплинци ги одредија казните за дуелот Ница-Марсеј, средбата ќе се преигра

Објавено

на

Инцидентот на натпреварот меѓу Ница и Олимпик Марсеј ја шокираше француската фудбалска јавност, а дисциплинската комисија конечно ги одреди санкциите за она што се случуваше на овој дуел.

Натпреварот кој беше прекинат во 74. минута при резултат 1:0 за домаќините, сега ќе треба да биде целосно преигран и тоа на неутрален терен, во термин кој ќе биде дополнително одреден.

Ница е казнета со одземање на еден бод, а уште еден бод ќе и биде одземен доколку се повтори сличен инцидент наредниот период.

Ница ќе треба да ги одигра следните три натпревари без публика.

Казни добија и дел од гостинските фудбалери, односно Димитри Паје е суспендиран на еден, а Алваро Гонзалес на два натпревара, додека физиотерапевтот Пабло Фернандез е суспендиран девет месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни