Поврзете се со нас

Шпанија

Форлан за постапките на Барселона кон Суарез: Не е првпат ова да се случува…

Објавено

на

Барселона по шест години одлучи да му се заблагодари на Луис Суарез и да му дозволи да се пресели во друга средина.

Каталонците сакаат да се ослободат од Уругваецот и на крајот успеаа да нивната намера, но времето ќе покаже дали овој нивен потег беше во ред и тоа во ситуација во која финансиски не стојат најдобро, односно не можат да пронајдат соодветна „деветка“.

Многумина ја критикуваа управата на Барселона за односот кон Уругваецот кој е трет стрелец во историјата на клубот, поточно заклучокот е дека напаѓачот заслужи многу повеќе со оглед на тоа што направи за клубот во изминативе години.

Со ова се согласува Диего Форлан кој пак од друга страна не е изненаден од потегот на шпанскиот вицешампион.

-Она што клубот го направи со Суарез, им се има случено на други играчи во историјата. Најважно е што тој даде сè за Барселона. Нема ништо за што може да жали, -вели Форлан кој смета дека Луис ќе биде перфектен за Атлетико Мадрид.

-Играч како Суарез добро ќе се вклопи во клуб како Атлетико. Мислам дека ќе се чувствува како дома. Да се надеваме ќе може да му помогне на тимот и да се бори за првите позиции [во Ла Лига]. Луис Суарез, Жоао Феликс и Диего Коста би можеле да формираат напаѓачка трио во Атлетико, -порача Уругваецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни