Билијард и Снукер
Флорим Мемеди победник на билијард мастерсот во дисциплината „Десетка“
Изминатиот викенд во Битола и Скопје беа одржани третите по ред мастерс турнири од овогодинешното првенство во билјард во дивизиите „А“ и „Б“.
Најпрво на 18-ти септември во билјард клубот „Гран Клуб“ во Скопје беше одржан турнирот од дивизијата „Б“ на кој учество земаа 22 играчи од целата земја. Турнирот започна динамично, со добра игра и во првите кола фаворитите не дозволија изненадувања. Особено квалитетна игра прикажаа Ибро Садики од БК „Голден Балл“ од Тетово и Владо Матоски од БСК „Гран Клуб“ од Скопје.
Првото изненадување го приреди Андреј Ивановски кој успеа да го совлада фаворизираниот Трајче Дончевски кој по поразот го продолжи својот настап во губитничката страна на ждребот. Еден од мечевите кои се издвоија во поглед на изедначеноста и тактичкото надмудрување секако беше мечот помеѓу Марко Марковиќ и Зоран Цоневски кој заврши со тесна победа на цоневски од 5-4.
Полуфиналните пресметки донесоа возбудниви мечеви од кои како победници излегоа Димитар Симовски и Златко Ицановски, кои успеаа да издвојуваат победи против Димитрие Маневски и Коста Катов. Финалниот меч беше рамноправен и исполнет со одлични потези, а победата на Димитар Симовски со резултат 6-2 беше целосно заслужена и со овој триумф Симовски се искачи на второто место во генералниот пласман со 1360 поени, само 30 помалку од Маневски, додека зад него следуваат Трајче Дончевски и Тони Петровски, и двајцата со по 1200 поени.
Во неделата, на 19-ти септември, во Битола се одигра третиот мастерс од дивизијата „А“ на кој се играше дисциплината „10-ка“.
Првите кола изобилуваа со многу неизвесни и возбудливи мечеви каде подобро рангираните играчи остварија тешки победи. Вредно е да се напомене и убедливата победа на водечкиот во генерален пласман Дарко Ацески над домашниот играч и еден од фаворитите на турнирот Илче Трајковски. Се играше „подобар од 11 партии“ во супер пријатна и спортска атмосфера. По одиграни 20 мечеви во систем на дупла елиминација се дојде до последната елиминациона фаза или полуфинале, каде ждребката ги вкрсти Дејан Сипковски и Дарко Ацески, односно Тале Самарџиоски и Флорим Мемеди.
Со резултат од 7-5 Дарко Ацески го елиминираше стандардно одличниот Дејан Сипковски и уште еднаш докажа дека е во врвна форма, додека во другиот полуфинален меч Флорим Мемеди од Тетово со победа од 7-4 над искусниот Тале Самарџиоски обезбеди место во големото финале. Во истото, очигледен беше заморот кај двајцата натпреварувачи но и при такви околности мечот комплетно го оправда епитетот финале во Дивизија А. Со сигурна игра посебно во првата половина од мечот, Флорим Мемеди успеа да наметне ритам и темпо кој покасно се воспостави дека е доволно за победа од 7-3, освоен медал и високо кренат пехар. И покрај поразот Дарко Ацески е сигурен на првото место во генерален пласман по одиграни три кола.
Наредниот турнир во рамки на Националното првенство е закажан за 23/24 Октомви каде за првпат во Македонија ќе се игра дисциплината 14.1
-
Светски првенства17 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија12 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Репрезентација14 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Шпанија16 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија22 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Италија12 часа
Торино со гол од половина терен го матираше Емполи (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман