Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флензбург ќе прокоцкаше девет голови предност против ПСЖ, Веспрем сигурен во Загреб

Објавено

на

Дејан Манасков и Веспрем рутински ја завршија работата на гостувањето кај ППД Загреб и ја продолжија негативната серија на хрватскиот првак (28:35), додека Флензбург за малку ќе дозволеше голем пресврт на дуелот со ПСЖ на дербито во Лигата на шампионите.

Веспрем уште на полувреме имаше резултат 11:17, со што најави дека нема да дозволи изненадување кај најслабата екипа во групата, а до крајот успеа да задржи сигурна предност на оваа средба.

Манасков постигна еден гол, а во неговиот тим најефикасни биле Нилсон и Мае со по 6 голови.

Вистинска катастрофа доживеа ПСЖ во првиот дел на гостувањето кај Флензбург, откако Французите имаа негатива 19:10 со која заминаа на одмор.

Но, Бундеслигашот претерано се опушти во вториот дел, па избраниците на Раул Гонзалес успеаја да се вратат во игра и за малку ќе стигнеа барем до реми, но Флензбург победи со минимални 28:27.

Ване со 9 и Готфридсон со 7 голови биле најдобри реализатори во редовите на Флензбург, додека кај ПСЖ Хансен реализирал 6 пати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни