Поврзете се со нас

Свет

Филип Кузмановски со супер деби во дресот на Хановер

Објавено

на

Репрезентативниот бек, Филип Кузмановски имаше одличен деби натпревар во тимот на германскиот гигант Хановер.

Популарниот Фитиљ се вклопи во одличното расположение на неговиот тим и со осум погодоци учествуваше во убедливата победа над тимот на Хамбург со 42:27.

Кузмановски не беше постојано во игра, а времето кое го доби на паркетот од својот тренер го искористи на максимален начин.

Ако денот по утрото се познава, Кузмановски треба да има успешна сезона во тимот на Хановер за кого ова беше првиот пријателски натпревар по долгата пауза предизвикана од коронавирусот.

Во следниот период ќе следат нови тест средби на кои нашиот репрезентативец ќе треба да се докажува за да добива што поголема минутажа во германската Бундеслига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни