Поврзете се со нас

Репрезентација

ФФМ ги објави деталите и цените на билетите за квалификациските натпревари на сите репрезентации

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги објави информациите за фановите кои сакаат да ги бодрат нашите фудбалски репрезентации на претстојните квалификациски натпревари.

Сениорите предводени од новиот селектор Благоја Милевски ќе ги пречекаат селекциите на Ерменија и Романија на 2 и 8. септември, а влезните билети се пуштени во продажба по цена од 300 денари и можат да се најдат во продажната мрежа на „Mk Tickets“.

Двата натпевари се играат на арената „Тодор Проески“ во Скопје и започнуваат од 20:45 часот.

Навивачите ќе можат да ги бодрат и младинците на дуелот со Србија во Охрид (7. септември), а влезниот билет за таа средба ќе чини 150 денари. Во Скопје ќе игра и женската репрезентација, а за следење во живо на средбата против Австрија (21. септември) ќе треба да се издвојат 100 денари.

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреаврите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

*Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни