Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел првпат влезе во болидот на Астон Мартин и наиде на голем сеир: Му падна косата во Ферари (Видео)

Објавено

на

Ф1 фановите испраќаа многу пораки до одговорните лица на Астон Мартин и бараа одговори од новоименуваниот тим за тоа кога и официјално ќе седне Себастијан Фетел во новиот болид, а при објавувањето на промотивното видео, искусниот германски возач стана вирален хит поради нешто што привлече големо внимание.

Фетел изминативе пет сезони ги мина во Ферари и сега како 33-годишник ќе управува болид кој допрва треба да се види како ќе функционира, но неговото прво влегување во истиот направи да биде вистинска сензација на друштвените мрежи, а причина е неговиот изглед кој е далеку поразличен од тоа што навикнавме.

Германецот повеќе од очигледно се соочува со опаѓање на косата и тоа најдобро се забележува од промотивното видео кое го објави Астон Мартин, а тоа им послужи како инспирација на сеирџиите да прават шеги на негова сметка, но и на Ферари.

Заклучоците на социјалните мрежи се дека на Фетел му паднала косата од тешките проблеми кои ги имаше во Ферари во изминатите пет години, во кои ниту еднаш не беше блиску до титулата светски шампион, нешто за што пристигна во Маранело во 2015-та година како четирикратен Ф1 првак од Ред Бул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни