Поврзете се со нас

Свет

Фернандез на роденденот објави дека заминува во пензија: Имам уште една главна цел

Објавено

на

foto:twitter.com/EuroLeague

Легендаршниот шпански кошаркар, Руди Фернандез ќе је заврши својата играчка кариера по крајот на оваа сезона.

Руди на својот 39. роденден објави оваа натпреварувачка 2023/2024 ќе биде негова последна активна како играч со тоа што сака да се прости од овој дел на најдобар можен начин, освоени титули со својот Реал Мадрид, но и со настап за Шпанија на Олимписките Игри во Париз.

-Овде е крајот, доаѓа време да размислуваме за други работи освен за кошарка. Пензионирањето е тежок и влијателен збор кога ќе го слушнете. Но, мојата цел е да играм на уште една Олимпијада, -порача Руди кој низ „патувањето“ освои многу титули на клупски план, многу медали со Шпанија, а се испроба и во НБА лигата каде беше дел од Портланд Трејл Блејзерс и Денвер Нагетс.

За да се оствари последната желба на Руди, „црвенета фурија“ ќе мора да ги мине олимписките квалификации кои ќе се одржат во Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни