Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: Само еден човек може да го замени Де Хеа во Јунајтед

Објавено

на

Давид Де Хеа никако не успева да се издигне и да дојде до посакуваната форма, па има многу критики за голманот на Манчестер Јунајтед.

Шпанецот долги години, сезони беше најдобар играч на „црвените ѓаволи“, им носеше многу бодови, победи, меѓутоа сега е далеку од таа форма, па повеќе се говори за негов наследник и тоа во името на Дин Хендерсон од Шефилд Јунајтед.

Хендерсон има страшна сезона, а што е најважно тој во Шефилд е на позајмица токму од Јунајтед што значи клубот од „Олд Трафорд“ може да си го врати назад и да му даде шанса. Легендата на клубот Рио Фердинад дефинитивно не е за ова опција и според него треба да му се даде максимална поддршка на Де Хеа во овие времиња, а пак ако се прави промена тогаш да се ангажира Јан Облак од Атлетико Мадрид.

-Кого сега ќе ангажирате? Дин Хендерсон е млад голман, тоа е голема коцка. Кој е на пазарот и може да се купи, а да биде светска класа во Манчестер Јунајтед? Единствениот што го гледам е Облак, ама дали можете да го извлечете од Атлетико Мадрид? Ако успеете, колку ќе потрошите? Непристојна сума на пари. Јас велам, држете се до Де Хеа, тој тоа го заслужи, -истакна Фердинанд,

Ист таков став има и Пол Сколс кој порача дека Давид е вистинскиот човек за Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни