Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд не го гледа Грилиш во Јунајтед: Ако си замине од Астон Вила…

Објавено

на

Англискиот репрезентативец, Џек Грилиш веќе подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед и многумина го гледаат како ова лето прави трансфер од Астон Вила на „Олд Трафорд“.

Дали ова сценарио ќе се реализира останува да видиме, сценарио кое според легендарниот Рио Фердинанд е нерално се додека Јунајтед не успее да направи простор за негов ангажман.

-Секако дека Јунајтед треба да проба да го ангажира. Не мислам дека Бруно Фернандеш е проблем, ги имате Маркус Рашфорд и Пол Погба кои играат лево, а токму тука игра Грилиш. Неговата најдобра позиција е лево, а следната најдобра позиција е бр.10. Тие се позициите каде што се наоѓаат нашите највлијателни играчи во моментов. Затоа мислам дека е тешко да се види во Манчестер Јунајтед во овој момент.

-Ако ја напушти Вила, едноставно не верувам дека тоа ќе биде за Манчестер Јунајтед, освен ако не се ослободат од еден или двајца играчи. Тоа е тешка зделка за Јунајтед, -вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни