Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари откри како Леклер и Саинц ја одржуваа концентрацијата на Спа (Видео)

Објавено

на

Формула 1 трката во Белгија ќе биде запаметена по фактот што возачите беа приморани долго да чекаат во своите гаражи и на крајот да се задоволат со два извозени круга под водство на безбедносното возило.

Упорниот дожд не дозволи натпревар на Спа, а часовите во чекање беа дополнителен предизвик за пилотите кои мораа да ја задржат својата концентрација.

Тоа го правеа на различен начин, камерите го уловија Ландо Норис среде дремка, а клупските колеги од Ферари решија да ги искористат мобилните телефони за поинаков натпревар.

Италијанскиот тим преку социјалните мрежи сподели дека Карлос Саинц и Шарл Леклер всушност играле шах, игра која секако бара задржување на концентрацијата и фокусираност на секој потег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни