Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари ја прекина победничката низа на Ферстапен и Ред Бул: Саинц најбрз во Сингапур (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Carlossainz55

Возачот на Ферари, Карлос Саинц успеа да слави на трката за Големата награда на Сингапур и со тоа да ја прекине доминацијата, неверојатната серија на Макс Ферстапен и Ред Бул.

Саинц беше најдобар на денешното соочување на стазата „Марина Беј“, водеше од поечток до крај и заслужено дојде до првото славје во сезоната, второ во неговата Ф1 кариера. Шпанецот на овој начин стави крај на низата на Макс Ферстапен од 10 победи во оваа кампања, но и на онаа на Ред Бул, тим кој до денеска славеше на сите досегашни трки.

Втората позиција му припадна на Ландо Норис од Мекларен, а на пиедесталот имаше место и за седукратниот светски шампион Луис Хамилтон кој го искористи крахот на клупскиот колега Џорџ Расел кој удри во заштитната ограда во последниот круг и остана без пласман.

Бодови денеска уште освои Леклер, Ферстапен, Гасли, Пјастри, Перез, Лосон и Магнусен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни