Формула 1
Ферари и Фетел донесоа конечна одлука: Германецот заминува од клубот од Маранело
Тимот од Маранело утрово објави дека по долгите преговори со Себастијан Фетел донесена е конечна одлука германскиот пилот да си замине од клубот по крајот на неговиот договор кој истекува на крајот на оваа година.
Фетел во Ферари пристигна од Ред Бул во 2015 година, меѓутоа не успеа да освои ниту една шампионска титула во славниот италијански клуб.
Причините за непродолжувањето на соработката не се познати, но се шпекулира дека станува збор за финансиски аспект и за должината на новиот договор кој Ферари му го понудил на Фетел.
– Ова е одлука која ја донесовме заедно со Себастијан. И двете страни мислевме дека вака е најдобро. Ова не беше лесна одлука за носење со оглед на вредноста на Себастијан како возач и како личност.
– Нема конкретна причина која доведе до оваа одлука, освен заедничкото верување дека дојде време да се разделиме за да ги постигнеме своите зацртани цели, -изјави меѓу другото шефот на италијанскиот тим, Матија Биното.
Во јавноста веќе одреден период се шпекулира за наследникот на Себастијан Фетел во редовите на Ферари. Засега се издвојуваат три имиња кои наводно ги следат од Маранело, а тоа се: Карлос Сајнц Јуниор, Даниеле Рикијардо и Антонио Џовинаци.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)