Поврзете се со нас

Европски првенства

Федерико погоди за Италија, семејството Киеза влезе во историјата на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Италија успеа да ја добие драмата со Австрија (2-1) и да обезбеди место во четвртфиналето на Европското првенство во кое ќе игра со подобриот од мечот меѓу Белгија и бранителот на трофејот Португалија.

„Аѕурите“ дури по продолженијата го скршија отпорот на противникот, а тоа прв го направи Федерико Киеза кој во 95 минута имаше одлична реакција во шестнаесетникот се ослободи од еден противнички играч и ја смести топката во мрежата.

Со овој погодок беше испишана нова историја на ЕП, односно за прв пат имаме татко и син да погодиле на овие континентални собири. Пред 25 години и 12 дена Енрико стрелаше против Чешка на првенството во 1996 година за да вечерва тоа го направи и неговиот син, членот на Јувентус.

Воедно Федерико стана прв играч кој погодол на англиско тло на голем турнир по неговиот татко Енрико кој тоа го направи на ЕУРО 1996.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни