Поврзете се со нас

АТП

Федерер се опоравува по тешката операција: Најважно е да проодам нормално

Објавено

на

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер најави дека рехабилитацијата по тешката операција на коленото оди во доста добра насока и дека тој ќе почне со планирање кога да се врати на терените.

Федерер зад своето име има запишано 20 Грен слем титули и фановите со нетрпение го очекуваат неговото враќање на тениските терени.

Последен пат, Швајцарецот настапи на Вимблдон каде беше убедливо поразен од Хуркач по што зеде одмор и паузира веќе долго време.

Тогаш Федерер најави дека ќе оди на операција затоа што истата е неизбежна за да се врати на врвно ниво.

– Најлошото е зад мене, не сакам да брзам. Сакам да бидам сигурен дека во иднина ќе можам нормално да функционирам. Засега одам чекор по чекор, најважно е прво да проодам нормално, па ќе размислувам за враќањето на терените, -изјави Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни