Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Борусија лути на судијата поради „украдениот“ гол на „Итихад“ (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд имаше неколку добри можности да постигне барем еден гол на гостувањето кај Манчестер Сити, а во првото полувреме имаше две спорни ситуации со одлуките на романскиот судија Хациган.

Најпрвин беше поништен пенал досуден поради дуелот на Емре Џан и Родри, што ги спаси гостите од ситуација да имаат два гола негатива, но подоцна Хацeган ги налути гостите.

Англискиот интернационалец Џад Белингам успеа да му украде една топка на непотребно излезениот Едерсон и беше сам пред празниот гол, но судијата одлучи дека фудбалерот на Борусија стигнал до топката со недозволен старт.

Беше досуден прекршок над голманот на Сити, но навивачите на бундеслигашот се убедени дека Хацeган ги оштетил гостите во оваа ситуација.

Фактот што судијата побрза да суди пред Белингам да ја упати топката во празната мрежа, не дозволи ситуацијата да биде прегледана со ВАР.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни