Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Евра и Капело му се нафрлија на еден играч на Јувентус: Не погоди еден пас, како да игра рагби….

Објавено

на

Патрис Евра во завршницата од својата кариера мина незаборавни години во Јувентус, а како голем фан на клубот од Торино, остана разочаран од она што го виде на „Алијанц стадионот“ изминатава вечер.

Италијанскиот калчолигаш уште еднаш не ја оправда фаворитската улога во една нокаут фаза во Лигата на шампионите, па иако синоќа цели 75 минути доминираше против Вилјареал, на крајот претрпе тежок и убедлив пораз од 0:3.

Елиминацијата значи уште една разочарувачка сезона во Европа за „старата дама“, а според Евра, тоа се должи на лошиот квалитет на играчи во средниот ред, што е клучно за достигнување на подоцнежна фаза во најелитното натпреварување.

– Навистина сум разочаран од она што го видов вечерва од Јувентус. Изгледа дека Макс Алегри прави чуда во Италија од овој тим што го има. Едноставно нема квалитет во овој среден ред. Во мое време, ги имавме Маркизио, Артуро Видал и Пирло, а сега го имате Артур…. Не знам дали погоди еден пас, мислам дека немаше ниту еден пас што промени нешто на теренот. Тој не прави разлика, – изјави Евра за „Амазон Прајм“, а критики пристигнаа и од Капело.

– Што и да мислите, само немој да побарате долг пас од Артур. Тој изгледа како да игра рагби, изгледа како добар играч на рагби, ништо повеќе, – порача Дон Фабио во студиото на „Скај Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни