Поврзете се со нас

Англија

Евра го нападна „Франс Фудбал“: Менди не е најдобар голман затоа што е Африканец

Објавено

на

Големиот број критики за епилогот на доделувањето на признанието „Златна топка“ се надополнети со обвинувањето на Патрис Евра, кој има забелешка за трофејот „Лев Јашин“.

Истиот му се доделува на најдобриот голман, а годинава го освои членот на ПСЖ и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума. Евра кој е роден во Сенегал, смета дека одлуката има расистичка заднина.

– Што е со Менди? Секако, тој игра само на Африкански куп, ние сме мајмуни па никој не го почитува нашето натпреварување.

– Ние сме единствените кои мора да го напуштат својот клуб три недели за да играат на континенталното натпреварување, но работите ќе се променат, сигурно ќе се променат.

Менди заврши на второто место во гласањето на изборот на „Франс Фудбал“, а Евра смета дека требало да го освои трофејот поради импресивната сезона во дресот на европскиот првак Челси, кој прими само четири гола на патот кон титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни