Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер во Маврово ќе ја темпира формата за новата сезона

Објавено

на

Mакедонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер од денеска е Маврово каде ќе ги изврши главните подготовки за нареднава сезона.

Тренерот Жељко Бабиќ заедно со својот стручен тим и играчите веќе пристигнаа зимскиот центар каде што ќе се задржат во наредните две недели. Овде „фармацевтите“ ќе треба да се вратат во натпреварувачки ритам, да ја вратат формата, да бидат фит за тоа што следува во кампањата 2019/2020.

Пелистер има доста нови имиња како Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски што значи тренерот Бабиќ ќе треба да ја клопи целата екипа, меѓутоа за тоа ќе има и турнири кои по овие подготовки во Маврово ќе се одиграат во Струга и Атина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни