Македонија
Еурофарм Пелистер ќе бара нов тренер: Спогодбено раскината соработката со Бабиќ

Од таборот на Еурофарм Пелистер во текот на денешниот ден и официјално објавија дека спогодбено е раскината соработката со досегашниот тренер, Жељко Бабиќ.
Хрватскиот стратег две и пол сезони беше на чело на битолскиот тим со кој не успеа да дојде до поголем успех на домашно тло, односно не успеа да го симне Вардар од врвот во националниот шампионат, а единствено успеа да го освои само националниот Суперкуп на почетокот на оваа сезона.
Од Пелистер изразија благодарност до Жељко Бабиќ за неговата придонес кон развојот на клубот во изминатиов период.
– РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони нашиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23.
-Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022.
-Клубот му посакува многу успех во понатамошната работа и вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за професионалци како него.
-
Македонијапред 3 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 16 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата