Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер 2 има двајца позитивни ракометари на КОВИД-19

Објавено

на

Коронавирусот и понатаму е присутен во македонскиот ракомет, а за тоа доказ е последната информација која ни доаѓа од Битола.

Тимот на Еурофарм Пелистер или поточно втората екипа на овој клуб ја информираше јавноста дека двајца ракометари се позитивни на КОВИД-19. Тие имале симптоми по што се тестирале, а резултатите покажале дека се заразени со корона

По овие настани, целиот тим направи тестови, сега се чекаат резултати и во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес на битолскиот состав.

Еурофарм Пелистер 2 ја започна сезоната во домашниот шампион со две победи и два порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни