Поврзете се со нас

Англија

Ериксон: Грилиш вреди исто колку и Халанд

Објавено

на

Џек Грилиш минатата година го направи трансферот на кариерата и за сума од 100 милиони фунти ја замени Астон Вила со Манчестер Сити.

Англискиот репрезентативец не се прослави во првата сезона каде даде шест гола и запиша четири асистенции, па сосема очекувано се поставува прашањето дали Сити погреши со неговиот ангажман и пред се вложените средства за него.

Менаџерот Пеп Гвардиола се уште има голема доверба во него и се надева дека во актуелнава кампања ќе заблеска, ќе има уште поголема улога, но ако за клупските настапи има време и простор друга е ситуацијата со националниот тим, односно дали Грилиш заслужува да се најде на списокот на Герет Саутгејт за СП во Катар.

Според некогашниот англиски селектор и воедно екс тренер на Сити, Свен Горан Ериксон офанзивецот заслужува да се најде во списокот на патници за мундијалот, а кога е во прашање цената тој вреди исто колку и Ерлинг Халанд, поточно сумата која „граѓаните“ и ја исплатија на Борусија Дортмунд.

-Мислам дека тој сепак го заслужува неговиот повик. Дали би бил стартер, не знам, но технички е многу добар, еден против еден е многу добар. Тој прави различни работи. Дали вреди за сите тие пари? Не знам. Колку платија за Халанд? 51 милион фунти? Вреди толку пари, -порача Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни