Поврзете се со нас

Репрезентација

ЕП во Грузија: Трет пораз во низа и осмо место за Македонија

Објавено

на

Последниот натпреварувачки ден на Европското првенство во Тбилиси им донесе активност и на македонските кошаркари, но момците до 20 години не успеаја да се рехабилитираат од двата претходни удари и претрпеа трет пораз во низа.

Во една драматична пресметка со соседна Бугарија, селекцијата до 20 години загуби со 69:64, па поразот во битката за седмо место значи дека го освоивме осмото на ЕП – Б дивизија.

Македонија имаше осцилации во играта како и на претходните натпревари, но за разлика од изминатите два дена, сега доби шанса комплетно да се врати и да направи чудесен пресврт.

Во последната минута влеговме само со минус три разлика (67:64) и имавме две слободни фрлања за да се внесе целосна драма на паркетот. За жал, Хот не успеа да ги реализира „пеналите“, па откако направивме прекршок, следеше завршен чин од противникот.

Костадинов застана на линијата за слободни фрлања, на двапати беше прецизен и ги постави конечните 69:64. Марко Миловановиќ беше нашиот најефикасен кошаркар со 18 поени.

Првенството во Грузија го завршуваме како осмопласирани, што сепак е најдобр резултат на Македонија за оваа возрасна категорија во европската младинска зона на натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни