Поврзете се со нас

НБА

Ембид испиша историја, Филаделфија го освои „Медисон Сквер Гарден“ и ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Екипата на Филаделфија славеше над Њујорк Никс со 119-112 во првата средба од Божиќната програма во НБА лигата.

Избраниците на Док Риверс потврдија дека се во одлична форма и го освоија „Медисон Сквер Гарден“ за осма победа во низа во најсилната лига на светот. Во главна улога беа Ембид и Харден, првиот уфрли 35 поени со што беше доволно да испише нова клупска историја.

Имено ова за центарот беше трет меч на Божиќ со +30 поени со што ги мина Били Канингем и Долф Шејс, односно сега е број еден во историјата на Фили во оваа категорија. Харден пак имаше дабл-дабл од 29 поени и 13 асистенции.

Кај поразените залудни беа 35 кошеви на Рендл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни