Поврзете се со нас

НБА

Ембид и Симонс ќе го пропуштат Ол-стар натпреварот поради заедничкиот бербер

Објавено

на

Ѕвездите на Филаделфија, Џоел Ембид и Бен Симонс нема да бидат дел од Ол-стар натпреварот кој доцна вечерва ќе се игра во Атланта.

Ембид и Симонс ќе отпаднат од составите на Леброн Џејмс и Кевин Дурент поради тоа што биле на ист бербер, кој бил позитивен на коронавирусот и сега мора да ги следат НБА протоколите во ваквите ситуации.

Двајцата кошаркари сега ќе бидат во карантин, наместо да бидат дел од шоуто и тоа во различни екипи, откако Симонс беше дел од составот на Џејмс, додека Ембид требаше да му биде соиграч на Дурент.

Контакт со заразениот бил направен пред пристигнувањето во Атланта и кошаркарите немале контакт со останатите учесници на Ол-стар натпреварот, a одговорните во лигата беа посебно внимателни за ваквите ситуации поради опасноста од ширење на заразата меѓу најголемите ѕвезди во првенството.

Според американските медиуми, НБА не размислува да бара замени за Ембид и Симонс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни