Поврзете се со нас

Европски првенства

ЕХФ го промени правилото: Пет дена карантин, па настап на ЕП

Објавено

на

Од 13 до 30 јануари ќе се одржи 15. Европско ракометно првенство, настан од кој ќе биде дел и македонската ракометна репрезентација.

Ова првенство се одржува во време на пандемија, во време на коронавирус кој им прави проблеми на скоро сите учесници пред стартот на шампионатот, па Европската ракометна федерација или поточно Извршниот Комитет одлучи да промени едно правило кое беше доста проблематично и кое можеше да го уништи овој ракометен спектакл.

Имено донесена е нова одлука што се однесува до периодот на изолација на ракометарите кои ќе добијат позитивен тест на Ковид-19. Претходното правило од „14 дена“ е променето, па така сега оние кои ќе бидат заразени ќе мора да бидат во карантин, изолација 5 денови по што ќе мора да имаат два негативни тестови пред да можат да се вратат на обврските и предизвиците со националниот тим.

Воедно има уште еден новитет, ЕХФ ќе дозволи замена на играчи со нови ракометари надвор од официјалниот список од 35 играчи, но за тоа ќе биде потребна посебна дозвола и секако добра причина за истото.

Да посетиме Македонија е во група со Данска, Црна Гора и Словенија, а засега во нашиот табор нема заразени играчи со КОВИД-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни