Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Единствениот стадион на кој Сити сезонава не успеа да победи: УЕФА објави каде ќе се игра финалето во ЛШ

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) официјално го потврди домаќинот на финалето на Лигата на шампионите, поточно замената за Истанбул и арената „Ататурк“.

Битката за титулата меѓу Манчестер Сити и Челси ќе се води на „Драгао“ во Порто во веќе познатиот термин 29 мај од 21 часот. Тоа е последната одлука на УЕФА која мораше да направи промени откако Турција беше ставена на црвената листа од британската влада кога се во прашање патувањата, па на крајот изборот падна врз Поругалија откако пропадна и можноста завршниот меч да се игра на англиска земја.

Двете екипи за своите навивачи ќе добијат по 6000 билети. Интересно „Драгао“ е единствениот стадион на кој Сити не успеа сезонава да слави во елитното натпреварување, поточно одигра само реми без голови против Порто во групната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни