Поврзете се со нас

Италија

Џеко за својата иднина во Рома: Уморен сум, размислувам само за…

Објавено

на

Искусниот репрезентативец на Босна и Херцегоина и член на Рома, Един Џеко проговори за неговата иднина на „Олимпико“.

Напаѓачот е во последната година од договорот и има информации, шпекулации дека може да го напушти клубот, па во однос на истите свој коментар имаше токму играчот кој даде два гола на пријателската средба против Дебрецин (5-2).

-Уморен сум од зборување за Џеко. Размислувам само за Рома и за ништо друго, -истакна Џеко за „Скај Спорт Италија“.

Во однос пак на тоа како течат подготовките и како е да се работи под водство на Мурињо, ветеранот порача:

-Ние сме само на почетокот, засега сè оди добро. Ние се подготвуваме. Нозете сепак се малку тешки, но сите се задоволни, а тренерот ни вели да дадеме 100 проценти. Потоа по мечевите и тренингот, можете и да се пошегувате,-заврши голгетерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни