Поврзете се со нас

НБА

Џејмс знае што го очекува: Имаат МВП во тимот, мораме да играме кошарка без грешки

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс во рок од неколку дена забележа нова победа над Њу Орлеанс Пеликанс, овојпат во рамките на плејин фазата со која официјално е обезбедено седмото место во западната конференција што во плејофот ги носи на соочување со Денвер Нагетс.

Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)

Нагетс е актуелен НБА шампион, тим кој лесно се справува со „езерџиите“ во изминатиов период, а потврда за тоа е учинок 3-0 во соочувањата во сезонава и резултатот од 4-0 во минатогодишното финале на Западот.

Сепак Лејкерс предводен од Леброн Џејмс секогаш е вистински предизвик, „кралот“ е мотивиран за битка и знае што го очекува.

-Тие се бранители на титулата, разбираме колку ќе биде тежок дуелот против нив. Ќе биде тешка серија за нас и ние ќе се обидеме да им направиме проблеми. Добивме шанса да се одмориме, а потоа да се вратиме во приказната и да се подготвиме за оваа серија од првата рунда која ќе биде исклучително тешка.

-Со години се многу силни дома. Имаат МВП играч во тимот, имаат некој што решава натпревари, неверојатно добар тренер, играчи на високо ниво. Мора да играме кошарка без грешки. Ако ние одиграме најдобро, тоа ќе го направат и тие. Тоа ќе биде натпевар на два или три поседи, заклучи Џејмс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни